„Есенски музички свечености 2021 – Концерт на Весна Ангелова Христов, Милан Роксандиќ и Момчило Куфојанакис

177

Наредниот концерт на „Есенски музички свечености 2021“,  ќе се реализира на 08.11.2021 година, со почеток во 20  часот, во Музеј на македонската борба.

Весна Ангелова Христов – пијано

Основно и средно музичко образование завршува во Скопје во класата на проф. Павлина Среброва. На 17-годишна возраст е примена на ФМУ каде дипломира пијано со највисока оценка во класата на проф. Борис Романов. Магистрира  интерпетација на пијано на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка и педагог Рита Кинка (Академија на уметности Нови Сад Р.Србија). Во текот на нејзиното школување е добитник на многубројни државни и меѓународни награди и признанија (Специјална награда меѓународен натпревар Нови Сад, Р.Србија, Диплома од меѓународен натпревар во Етлинген, Германија, специјална награда и неколку први награди на државните натпревари по пијано и камерна музика). Учеството на избор за евровизиски преставник за класична музика ѝ овозможува реализација на ТВ Портрет на Македонска Телевизија. Добитник е на стипендија за културно дејствување и културен престој во Париз 2008г. во Меѓународниот град на уметностите (Cites des Arts Paris). Во 2017г. остварува престој во Њујорк каде реализира концерт рецитал во Gallery MC.

Учесник е на меѓународни Мастер класи кај еминентни педагози – Б.Романов, Рита Кинка, Антон Диков, Ј.Михаиловиќ, Јаромир Клепач (Француско-Чешка летна академија). Добитник е на стипендија на МММ за учество на меѓународен Мастер клас во Вајкерсхајм, Германија, каде работи со реномирани педагози од оваа област.

Настапува како солист и камерен музичар во концертни сали во Македонија, Косово, Р.Србија, Бугарија, Хрватска, Франција(Париз), Германија, Турција, Чешка, САД(Њујорк). Има реализирано настапи на домашни фестивали – ДММ,Златна Лира, Охридско лето, Скопско лето и на меѓународна сцена – ДАМ фестивал, Шопен Фест (Приштина), Франкофонски фестивал Солеил, Созопол (Р.Бугарија), Fete de la musique Париз и др. Повеќе пати настапува и како солист со Македонската Филхармонија. Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја води кон оформување на пијано трио и пијано дуо, а како пијано соработник најчесто настапува со виолинисти, поддржувајќи ги младите музичари на натпревари, семинари и концертните подиуми. Член е на комисии на државните натпревари по пијано и камерна музика. Од 2005г. до денес работи како надворешен пијано соработник на Факултетот за музичка уметност. Од 2005г.  работи како органист во Anglican Church во Скопје. Oд 2007-2019 година работи како надворешен соработник на оркестарот на Македонска филхармонија. Во моментов работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје.

БИОГРАФИЈА

Македонскиот виолинист м-р Момчило Куфојанакис  основното и средното образование го завршува Скопје (класапроф. м-р Ерхан Шукри), каде дипломира на ФМУ– Скопјесо највисока оцена на ниво на универзитет, „CUMLAUDE“(клас проф. м-р Михаило Куфојанакис).Двегодишните постдипломски студии на Државниот конзерваториум „А.К. Глазунов“ во Петрозаводск, Русија,во класата на познатиот Заслужен артист на Русија и Народен артист на Република Карелија, проф. Климентиј Јосифович  Векслер, ги завршува со највисока оцена во 2015 година.

Во текот на образованието активен учесник е на: интернационална Аркутино Мастер Класа – Приморско 2005 (проф.Минчо Минчев од Германија), Мастер класа во Меѓународниот центар Е-Вивалди во Венеција, Италија (проф. д-р Ино Мирковиќ), Мастер Класата наEuropeanSummerMusicAcademy 2012 во Приштина, Косово, Мастер класа по виолина(Александар Зиновјевич Бондурјански, проф. на Московскиот државен конзерваториум П. И. Чајковски), Мастер класата на виолиниската Дора Шварцберг, (проф. на Виенскиот Конзерваториум во Австрија), Dresden Meisterkurse Musik(Игор Малиновски, професор на Hochschule fur Musik Dresden во Германија).

Во изминатите речиси 15 години од неговата музичка дејност на македонската концертна сцена, со особен жар и успех ја претставува Македонија во Бугарија, Хрватска, Косово, Кина, Америка и особено во Русија, остварувајќи редица настапи во соработка со пијанистите: проф. м-р Весна Ангелова (Македонија, Бугарија, Косово, Америка), м-р Тодор Светиев (Македонија, Бугарија), Наталија Маричева од Русија (Хрватска), на руската сцена соработува со проф. Заслужен артист на Република Карелија, Русија, Едуард Едуардович Зондерегер, а со врвниот македонски хармоникаш Александар Коловски настапуваат на три концерти во Кина.

Реализира солистички концерти со Македонската филхармонија, гудачкиот оркестар Арко, мандолинскиот камерен оркестар Скопје, Симфонискиот оркестар при ФМУ- Скопје, камерниот оркестар Скопски солиси.

Забележителни се неговите настапи на фестивалот Скопско лето, Интернационалниот фестивал на млади музичариДАМ во Приштина- Косово, манифестацијата Есенски музички свечености во Скопје, Новаљско глазбено лето,  Опатијско културно лето иво Омишаљ на островот Крк, на фестивалот Solei во Созопол, Р. Бугарија, фестивалот во Харбин, Кина на 33rd Harbin Summer Music Festival.

Член е на меѓународното жири на натпреварот во Харбин, Кина / 2016 Harbin China Summer International Accordion Art Week.

Во моментот е член на French Orchestra FAME / Macedonian Music Industry Skopjeи  надворешен член на оркестатор на Македонската филхармонија.

Милан Роксандиќ е роден во Белград. После завршеното основно музичко образование во музичкото училиште „Јосип Маринковиќ“ во Белград во класата на професор Зоран Стојовиќ,матурирал хорна во класата на професор Стјепан Рабузин во музичкото училиште „Стефан Мокрањац“ во Белград.Како средношколец освоил први награди на републички и сојузни натпревари во поранешна Југославија. Во 1996г. дипломирал хорна на конзерваториумот „Ѓузепе Верди“ во Милано во класата на професор Michelle Berino – прв хорнист на TeatroallaScala.Во текот на студиите во Италија од 1993 до 2003г. соработувал со многу ансамбли и оркестри.Од 2011 до 2013 година работи во Белградска Филхармонија на место прва хорна. Во периодот од 2005-2015г. активно соработува со Позориште на Теразијама во Белград како соло хорна во мјузикли.Од 2009г. до денес ангажиран е на место соло хорна во студиото за филмска музика Fames Project orchestra recording studioво Скопје(Македонија).Од 2010г. член е на „Brass Sense“ лимен дувачки квинтет составен од членови на Белградска филфармонија.Од 2010г. после повеќегодишна соработка со Војвоѓански Синфоничари,на местото соло хорна се издвојува неговиот настап во 2013-та година во Синагогата во Нови Сад кога е изведена Махлеровата 5-та Симфонија во це-мол, при што има аудио и видео запис од Радио Телевизија Војводина. Во 2012г. соработува неколку пати со Јужнокорејски оркестар Daejeon Philharmonic Orchestra со којостварува европска турнеја во познати сали:Musikverein- Златна Сала Виена,Сметана сала во Прага,Италијански институт на култура во Будимпешта и Herculesсала во Минхен.Редовен член е на No Borders orchestraна место прва хорна со кој настапува на фестивали во Берлин,Белград,Приштина,Херцег Нови,Котор,Требиње,Љубљана кадешто снимил и це-де за Deutsche Grammophon. Од 2013г. повремено соработува со Македонската Филхармонија на место соло хорна.Од 2003г. соработува со оркестарот Народно позориште во Белград, а од 2010г. до денес е нејзин постојан член.Од 2017г. до денес е доцент по хорна на музичкиот отсек ФИЛУМ на Универзитетот во Крагуевац.Од 1994-1997г. бил професор по хорна во музичкото училиште AllesandroPirovanoCernuscoLombardone(Италија).Од 2011 -2012г. бил професор по хорна во МУ „Јосиф Маринковиќ“ во Белград. Во 2021г. добитник е на конкурсот на Здружение на композитори СОКОЈ рецитали со дела на српски композитори.Имал соработка со врвни диригентски имиња како:R.Muti,Z.Mehta,K.Petrenko,Y.Sado,C.Mandael, R.Chailly,A.Nanut,Jmaes Judd,H.Schellenberger.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.