Албанија демократски избира евровизиски претставник

21

Албанија секоја година го избира својот евровизиски претставник со спектакуларен поп фестивал, на демократски начин и без скандали кои би ја потресиле јавноста.
Албанскиот јавен радиодифузер RTSH денеска го отвори конкурсот за песните за 61-то издание на Фестивали и Кенгес , натпревар кој традиционално се користи за избор на албанскиот евровизиски претставник.
Овој фестивал служи за избор на песни на Евровизија од 2004 година, но сè уште не е потврдено дали и оваа година дека ќе се користи како евровизиски избор за 2023 година, но и дали воопшто ќе учествува Албанија, оако се претпоставува.
За учество во изборот, правилата се следни: Конечната верзија на песната која ќе се достави, не може да биде подолга од 4 минути. Мора да се достави инструментална верзија на песната со и без придружни вокали. Мора да се достави целосниот текст на песната. Мора да се достават имињата на композиторите на песната и авторите на текстот.
Поднесокот треба да содржи фотографии од уметникот и биографија на пејачот или групата. Песните може да се достават директно до протоколо[ во студијата на RTSH во Тирана или да се достават онлајн на [email protected]
Ронела Хајати ја претставуваше Албанија на Евровизија 2022 година со „Секрет“. Таа не успеа да се квалификува за големото финале, пласирајќи се на 12-тото место во полуфиналето со 58 поени, Ронела беше 9-та во телевоутот, но 14-та со гласањето на жирито.
Извор на слика: EBU / Nathan Reinds

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.