Концерт на креативност, енергија и талент – 7.октомври во Македонска филхармонија

Новоизградениот објект на Македонската филхармонија

На 7 октомври 2025 (вторник) во Македонска Филхармонија во мала сала, од 20 часто ќе се одржи концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари.

На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип, заедно со искусните членови на Националниот џез оркестар.

Овој концерт, кој се одржува по втор пат, ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез оркестар. Настанот претставува значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал.

Со оваа иницијатива се создава простор за меѓугенерациска размена и се поттикнува развојот на џез културата во нашата држава.

Влезот е слободен за сите што сакаат да бидат дел  од ова значајно музичко искуство и заедно да ги поддржите  младите уметници на нивниот творечки пат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.