Концертот на Националниот џез оркестар и реномираниот американски гитарист и композитор Курт Розенвинкел ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во
Националната опера и балет, под диригентска палка на маестро Владимир
Николов.
Господинот Розенвинкел е еден од највлијателните современи џез-гитаристи, познат по
својот препознатлив музички јазик, техничка виртуозност и длабока емотивна изразност.
Eric Clapton го нарече „гениј“, а The New York Times истакнува дека „со само неколку
ноти, кажува повеќе отколку што многумина постигнуваат за цела кариера“.
Концертот со Националниот џез оркестар претставува негов прв настап во Скопје и
исклучителна можност за љубителите на џезот да уживаат во музика од највисок ранг-пишува во соопштението од оваа Национална институција.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.