Традиционален новогодишен концерт на Ансамблот “Бојмија”

76

И, оваа година не изостана традиционалниот Новогодишен концерт на еден од најдобрите ансамбли за традиционална музика и игра во Македонија, „Бојмија“. На љубителите на
народниот мелос кои во голем број се собраа во Народниот театар, членовите играорци им приредија една незаборавна вечер.
Изведувајќи народни песни и ора со својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор.
Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија е формиран 2004 година. Во него членуваат 120
членови на возраст од 10 – 25 години. Работи во 3 секции кои ги изучуваат традиционалните игри и песни од јужновардарскиот регион на Република Македонија – Бојмија, како и од другите
краеви на државата. Ансамблот работи и со млади и талентирани музичари кои ја изучуваат македонската традиционална музика.
Богатото културно наследство се презентира на домашни и меѓународни фестивали.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.