Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја.
Во негова чест, на 11 ноември ве каниме да бидете дел од незаборавно музичко патување, да ги слушнеме неговите безвремени композиции.
Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти.
Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат неговите композиции и ќе се потсетиме колку е силно влијанието на неговата музика врз сите нас, затоа што – Музиката е живот а животот е музика!На сцената ќе застанат голем број македонски музичари и негови блиски соработници – генерации обединети од и во неговата музика.
Не пропуштајте вечер исполнета со благодарност и љубов кон маестро Кире Костов, заокружена со вечната „Летај галебе“.
Влезници онлајн https://www.karti.com.mk/letaj-galebe-koncert-posveten-na… и во книжарниците на Литература
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.
































