“Нешто што ќе остане“ -на 13 септември во Паркот на Франкофонијата

Во паркот на Франкофонијата , на 13 септември (сабота) ќе се одржи  концерт на кој  ќе настапат македонските изведувачи: Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, 2 Бона, Елена Ристеска и Дарио со Миг-21.

Концертот насловен како “ Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар

Музичарот Дарио Панковски преку видео обраќање ги поканува сите скопјани во сабота да бидат дел од овој музички хепенинг. Тој и неговиот бенд, МИГ- 21, ќе ги отсвири своите најголеми хитови, ќе направат еден „Greatest hits“ концерт, за сите вас кои ќе присуствуваат.

Ова е една убава можност за промоција на македонската музика. Концертот ќе почне во 19 и 30 часот а концертот ќе го води Вера Јанковиќ.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.