Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу, во Салон 19.19

Во Салон 19,19, во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу.

Tој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи.

-Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“.

На концертот ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого Мустафоглу ќе ја изведе композицијата „Чакона“ од Томазо Витали.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.