Василичарскиот концерт магично ја почнува годинава!

151
Exif_JPEG_420

За популарниот Василичарски концерт владее мислење дека е еден од најгламурозните настани на нашата културна сцена, а секоја година тоа и одново се докажува и покажува. Впрочем, како и годинава.

Exif_JPEG_420

Популарни оперски арии и дела од Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус– помладиот овој пат го обележаа репертоарот на овој висок културен настан, кои беа изведени од најпознатите македонски оперски пејачи и певици, Оркестарот и Хорот на Опера и балет, а организаторите изразија задоволство дека за двата концерти биле распродадени сите билети.
Exif_JPEG_420

По црвениот килим се прошетаа музичките сладокусци, кои на 12 и 13 јануари ја посетија Операта и уживаа во изведбите на Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Гиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Соња Пендовска- Мадевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).
Изведоа 18 арии, меѓу нив увертира од оперетата „Грофица Марица“ од Калман, дует на Ецио и Атила од операта „Атила“ на Верди, баркарола од операта „Хофманови приказни“ на Офенбах, сцена на Радамес и Рамфис од операта „Аида“ – Верди, арија на Адриана од операта „Адриана Лекуврер“, дует на Хана Главари и Гроф Данило од оперетата „Веселата вдовица“,под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Крајот од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус го затвори концертот кој беше поделен во два чина, а го испејаа заедно неколку од солистите.
Концертот се одржува од 1993 година, на Василица, а годинава во чест на празникот на концертот на 13 јануари се делеше и лепче со паричка и вино, на оној кому му се падна паричето доби гратис- влезници за сите настани на Опера и балет за цела година .

Ва. Ѓ. Парго

Exif_JPEG_420

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.