Вечерва концерт на “Џим Политис квартет “

18

Концертот на „Џим Политис Квартет“ ќе се одржи на 6 јули, со почеток од 21 часот, на платото на „Ист Гејт мол“.

Џим Политис е роден во Атина, Грција. Тој е композитор, инструктор по гитара и сесиски гитарист со музичка позадина која комбинира многу различни музички жанрови, како фјужн, бибоп, џипси џез, балкански метал, рок, блуз, фанк, соул гитара. Тој претставува модерен пристап во акустичната џез музика. Студирал композиција, импровизација, теорија на музика, обука за тапани и перкусии на конзерваториумот „Филипос Накас“ (1999-2002).

Џорџ Пациотис (гитара) дипломирал на Катедрата за музички науки на Универзитетот „Македонија“ во Солун и магистрирал џез музика (Универзитет во Атина). Понатаму, има две дипломи за класична и електрична гитара и следел мастер предавања со разни класични и џез солисти. Во последните две децении работи како гитарист и учител по музика. Учествувал во бројни проекти, безброј концерти и снимања.

Костас Арсенис (контрабас) е роден во Лариса, каде ги имал првите курсеви по теорија на музика, класична гитара и електричен бас. Студирал контрабас на Атинскиот конзерваториум кај проф. Анастасиос Казаглис и електричен бас на Конзерваториумот „ Филипос Накас“ во Атина со Јотис Киурцоглу. Понатаму, студирал класична гитара на Одделот за музичка интерпретација на музичкиот универзитет „Џорџ Енеску“ во Букурешт и музикологија на Каподистрискиот универзитет во Атина.

Серџио Хрисовицанос е еден од најактивните виолинисти и мулти-инструменталисти во Грција со големо присуство на сцената и во дискографијата. Студирал виолина и музичка теорија и предава и учествува во различни музички проекти повеќе од 25 години, свирејќи виолина, гитара, мандолина или укулеле.
Влезот е слободен

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.