Во ЗАМП по ново се пријавува со аудио запис

67

Од 01.10.2022 година започна доставувањето на аудиозаписи, при што се овозможува на секој автор на лесен и безбеден начин да ги прикачи аудиозаписите на своите дела.
Авторите кои веќе ги доставија своите аудиозаписи на овој начин, се уредно примени и истите се веќе зачувани во звучната база на ЗАМП.
Но, при прикачувањето на делата на линкот не значи дека во исто време го регистрирате Вашето дело. Регистрација/пријавување на делото се врши исклучиво со приложување на пополнет образец Пријава на дело.
При закачување на аудиозаписите, задолжително е да наведете Ваше име и презиме, а самиот аудиозапис да е именуван со назив на дело и изведувач. Делата кои се разликуваат од оригиналот, на кои сте направиле обработка или се изведувани во живо, мора да бидат означени во насловот за да се знае дека се работи за нов аудиозапис.
Доколку до сега веќе сте доставиле аудиозаписи за Вашите пријавени дела, истите не треба повторно да ги доставувате до ЗАМП. За делата кои претходно сте ги пријавиле во ЗАМП, а до сега не сте однеле аудио запис, потребно е да ги доставите до ЗАМП.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.