На 20 ноември, од 20 часот, во малата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт насловен како „Times of Turbulence“ во организација на Гете-институт Скопје.
Публиката ќе има можност да го проследи настапот на двајца врвни музичари чија соработка има силна меѓународна димензија: Јордан Костов (акордеон, С.Македонија) и Андреас Гинтер (пијано и саксофон, Германија).
Соработката меѓу Костов и Гинтер започна во Шангај во 2016 година, каде што двајцата беа дел од локалната музичка сцена и од мрежа на уметници од целиот свет. Од таа средба произлегоа бројни заеднички настапи во Кина, Јапонија, Германија, Босна и Македонија, како и учества на реномирани фестивали меѓу кои.
Во нивните настапи, импровизацијата е основен јазик, а музиката е простор за слобода, дијалог и културна размена.
Концертната програма „Times of Turbulence“ е инспирирана од патувањата, средбите и уметничките искуства на двајцата музичари. Во нивната музика се чувствуваат влијанија од различни земји и традиции, но и потребата да се зачува човечката блискост во време на брзи промени.
Концертот е со слободен влез.
фото: Facebook

































