На 30 април, концерт по повод Денот на џезот!

29

Здружението на џез музичари и слободно уметници ја поканува својата публика, годинава по шести пат заедно да го одбележат Меѓународниот ден на џезот, 30 април.
Оваа година локацијата е Платото пред Филхармонија, каде што од 14 часот, па се до доцните вечерни часови, ќе може да се ужива во настапите на следните џез артисти:
Џоле Грујовски – Resonance
Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски
SS Project
Off Ground Ensemble
Сашо Поповски
CuckooRack aka Bopers
Тони Китановски
“Музиката има моќ да не обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување!” порачуваат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.