Со воведен говор на промоторот Костадин Шурбановски, потоа и со обраќање на Пијан Славеј и на крај со изведба на три песни од албумот во живо, во кафе- книжарница „Буква“ во Скопје на 1 јуни 2024 година беше промовиран албумот “Нудист“.
Ова е негов вториот студиски проект, кој воедно е 51 издание на SJF Records. Тој се состои од четири композиции, во времетраење од 17 минути.
Автор на текстовите е самиот тој, Бранислав Николов (алијас Пијан Славеј) а музиката и аранжманите се дело на групата со која настапува.
Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“, извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета, директорот на Скопски џез фестивал.
Обвивката ја направи уметникот Владимир Лукаш.
На претстојниот 23. ОФФест, ќе има акустичен мини-настап во живо, во кој Бранислав Николов ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.
Денес изјави дека ова е разголување на душата, иако нема ништо и против нудисти на плажа, и запраша каде се новинарите, иако знаеме дека сѐ помалку Редакции ангажираат новинари кои следат сцена, уметност и музика, а и тие неколку новинари што беа дојдени како да беа повеќе за негова чест и за свој ќејф…
Валентина Ѓоргиевска Парго