Погледнете го евровизискиот спот на Андреа

35

Скопје, 11 март 2022

Од пред два дена на каналот јутјуб е ставено официјалното видео, за песната со која Андреа Коева на 12 мај во Торино ќе ја претставува нашата земја на Евровизија 2022.
Младата пејачка ќе настапи на втората полуфинална вечер и ќе се обиде да освои влез во финалето, на 14 мај, но и повисок пласман.
За оваа песна доби пофалби од евровизиската победничка за 2012 година, Лорин, која искоментира дека песната и се допаѓа. Носи наслов Circles, автор на истата е Александар Масевски, а текстот е напишан заеднички од двајцата.
Спотот е сниман на препознатливи скопски локации, меѓу кои и на железничката станица и некогаш главната пошта.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.