Привлечна туристичка далечна дестинација

650

Континентална Кина-Макао-Хонконг, е најдолгиот прекуморски мост во светот кој официјално беше отворен пред неколку месеци и претставува  најдолг мост во светот а воедно и колосален проект што ги поврзува овие три дестинации.

Мостот е долг 55 килеометри, а трошоците за негова изградба биле околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето.Така и бродовите можат непречено да минуваат низ делтата на Бисерната река, која е срце на кинескиот производствен сектор.

Со отворањето на тој мост, што има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се сведува на само 30 минути. Мостот претставува и физичка врска со Хонгконг, финансиски центар на Азија над кој Кина од Британија презеде контрола во 1997 година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.