Репортажа за која не се потребни многу зборови – Тргнете по текот на реката Радика

1931

Горното течение на реката Радика – Природа која дава душа 

Пештера-Шаркова дупка
Маврово – Пред да стигнете и да уживате во убавините на течението на реката  Радика,кога ќе поминувате низа Маврово одвојте време и  посетете ја  мистичната Шаркова пештера, која се наоѓа на патот кон жичницата од десната страна. Напорот верувајте ќе ви се исплати. Многумина патници и не-намерницисигурни не знаат и дека постои.

 

Култно место-Трница

  Трница – После ова го заслуживте првиот одмор со кафе пауза во Трница, местото  каде најблиску ќе ја почувствувате здивот на двете планини, Кораб пред вас и Бистра позади вас.  

Дворот на манастирот св. Јиован Бигорски

Свети Јован Бигорски – И додека се воодушевувате со непокорниот планински дел покрај реката Радика, ќе стигнете до монументалниот манастир, сведоштво на вековното постоење на Река, а тоа е манастирот св. Јован Бигорски. Времето поминато во него не се мери со мерни единици, туку со чувства што ќе ви ги пробуди недопирливиот шум на водата од чешмите што блика, и огромното културно и верско наследство што го поседува.

Село Битуше
Поглед кон Крчин

  Селата под Крчин – Кога ќе го продолжите патувањето на околу два километри ќе го поминете мостот и пред да продолжите кон горното течение на реката Радика свртете десно и упатете се кон селата во кои небото е најблиску до луѓето. Посетете ги селото Ростуше и неговиот далеку познат водопад Дуф, појдете преку селата Велебрдо и Требиште до планинското езеро Локуф или свртете кон височините до селото Битуше и неговата бескрајна природна убавина, сместена во подножјето на највисокиот врв на планината Кораб – Крчин.

Дворот на Манастирот во Рајчица

Од секое делче на природата вдишете по еден дел, ќе остане долго како енергија во вас и пред вас од левата страна на патот ,скриен ,но видлив се наоѓа Манастирот Св. Ѓорѓија во село РајчицаОдморете се со убавиот поглед, слаткиот локум и љубезното кафе што ќе ви го понудат жителите на овој верски објект, величествен Божји храм.

Местото каде езерото и небото прават совршен спој

Дебарско езеро – И откако зад себе ќе го оставите течението на реката Радика и поминете градот Дебар,  уште едно совршено место на природата а тоа е Дебарското езеро. Застанете и пред да продолжите кон откривањето на другите убавини на овој крај се до бреговите на Охридското езеро и планината Јабланица, уживајте во боите кои се величествени во секој дел од годината и поминуваат од бели и светло сини до темно кафени и чудесно портокалови во доцна есен. Репортажата ја забележа Татјана Гогоска Сите фотографии се од архивата на авторот          

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.