По 21 издаден албум, одржани 100 семинари за музика и настапи во 42 земји низ светот, изведувачот на народни инструменти Стефче Стојковски ќе го прослави 25 годишниот јубилеј на неговиот ансамбл.
Заедно со Стефче Стојковски на концертот ќе настапат врвни вокалисти и изведувачи на македонски традиционални инструменти.
Концертот ќе се одржи на 21 октомври 2024 година со почеток од 19:50 часот во Македонска Филхармонија.
Влезниците се со промотивна цена од 550 или 750 денари и можат да се купат во книжарниците на Литература и на страната на Мк Тикетс.
