Стоечки овации на отворањето на Скопско лето 2022

63
smart

43-то издание на Скопско лето, почна синоќа  21 јуни, со концерт на Европскиот креативен оркестар при Институтот ФАМЕ’С составен од музичари од неколку европски држави, а под диригентската палка на Тимоти Редмонд.

Концерт од речиси еден час, за кој следуваа овации и долги аплаузи за фантастичните изведби и темпераментот на шармантниот диригент, кои и со говорење и се обрати на публиката, сето тоа го исполни салонот на НОБ со посебна музичка магија и топлина.


По свечениот говор од директорот на фестивалот, Никола Глигоров, следуваа и обраќања од амбасадорот на Европската унија во нашата земја Дејвид Гир, а потоа и на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, и на претставничка од Француски институт во Скопје.
Оваа возбудлива традиционална музичко-сценска манифестација ќе се одржи од 21 јуни до 30 јули, со околу триесетина настани – концерти, театарски претстави, изложби и програми за деца.

Овој фестивал годинава ќе има 30 настани,  најзастапена ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, фото изложби, ќе има програми за деца и оваа година како и секоја основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор на меѓународни програми.

Ќе има гости уметници од Јапонија, па се до САД и Канада, но и гости од регионот, од соседните држави, од Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија но и од европските држави.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат театарските претстави „Нема да е крај на светот“, „Торонто Експрес“, „Последната лента на Крап“, театарска претстава за деца „Во детска соба“, концерт на „Танец“, изложба на Пол Ванд од САД „Природа на математиката“, концерт на „Џим Политис Квартет“.

(Аматерски снимки од амбиентот на концертот)

Валентина Ѓоргиевска Парго

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.