Свечен концерт на 6 декември во чест на Денот на ФМУ

110

Свечениот концерт во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање ќе се одржи на 6 декември во Фоајето на НУ Национална опера и балет на 6 декември (понеделник) со почеток во 20 часот.
Настапуваат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Драган Даутовски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Нинослав Димов, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, проф. м-р Фросина Балова, проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, проф. д-р Искра Шукарова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Андријана Јаневска, м-р Бобан Ковачевски.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на [email protected] заклучно со 6 декември до 16 часот.
Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Почитувајте ги мерките за заштита.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.