Утревечер, свечено отворање на Скопско лето 2022

9
Скопје, 20 јуни 2022
Овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе се отвори со концерт на „Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С “ под диригентската палка на Тимоти Редмонд на првиот ден на летото и светскиот ден на музиката, 21.06.2022 (вторник) во салонот на Национална опера и балет со почеток во 20. 30 часот.

Настанот е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проект ФАМЕС.

Билетите се во продажба по цена од 300 денари со резервација на телефонскиот број 3222 341 во работно време од 10-15 часот.

Тимоти Редмонд

Тимоти Редмонд диригира опера и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригент на Факултетот за музика и драма Гилдхол, редовен гостин-диригент со лондонските симфониски и кралски филхармониски оркестри и диригент и кокреатор на серијата концерти My Great Orchestral Adventure™ на Royal Albert Hall. Тој е добро познат како диригент на современа музика и има посебна поврзаност со музиката на Томас Адес

Концерт со Тимоти Редмонд и Оркестарот на Фаме’с Институт

Со овој концерт ќе биде отворено овогодинешното издание на Скопско Лето и ќе биде поддржан од Француската Амбасада во РСМ.

Тимоти Редмонд е британски диригент кој работи на опери и концерти низ Европа и во САД. Тој е професор по диригирање на Факултетот за музика и драма Гилдхол, редовен гостин диригент во Лондонските симфониски и кралските филхармониски оркестри и диригент и ко-креатор на серијата концерти My Great Orchestral Adventure во Ројал Алберт Хол.

Тој е познат како диригент на современа музика, а соработува со светски музички имиња како Томас Адес.

Оркестарот е составен од млади талентирани музичари од цела Европа кои престојуваат во Македонија како дел од Европскиот Оркестарски имплементиран од ФАМЕС Институт, кои заедно со целиот тим на уметници, диригенти и професионални музичари работат на своите интерпретациски вештини, преку мастер часови, тренинзи и  перформанси во живо.

Концертот на Тимоти Редмонд и оркестарот на Фамес Институт е дел од Европскиата Оркестарска Програма за млади талентирани музичари поддржан од програмата на Креативна Европа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.