Опкружен со планини високи до 5.500 метри, сместен во длабока долина на бреговите на река, се наоѓа аеродромот Паро, најопасниот аеродром во светот. Тоа е единствениот меѓународен аеродром во Кралството Бутан, преку кој оваа азиска земја е поврзана со остатокот од светот. Слетувањето и полетувањето од аеродромот се толку тешки што само неколку пилоти во целиот свет имаат лиценца и знаење за успешно полетување и слетување!
Летовите до и од аеродромот Паро се дозволени само под одредени метеоролошки услови и во ограничено време во текот на денот. Аеродромот се наоѓа во долина длабока 2.235 метри и е опкружен со високи планини. Затоа, пилотите мора да бидат особено вешти додека се движат низ овој тежок предел. Аеродромот има само една писта долга 2.265 метри и една скромна аеродромска зграда.
преземено од https://putnikofer.hr


































