Во продажба билетите за 43. Скопски џез фестивал

13

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври 2024 година, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез- пијанисти, Саливан Фортнер.

Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес:

 

17 октомври

НОБ, 20:00 – Cecile McLorin Salvant

МКЦ, 23:00 – Next to Silence

 

18 октомври

НОБ, 20:00- Rodrigo Amado Тhe Bridge – The End

 

19 октомври

НОБ, 20:00- David Virelles – Rob Mazurek Exploding Star Orchestra

МКЦ, 24:00- Alabaster DePlume

 

20 октомври

НОБ, 20:00- Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra

 

Програма плус

12 октомври, AудиоКултура, 20:00 – Промоција на CD: Next to Silence – ‘Ruh’

16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 – Rob Mazurek: Radical Chimeras – изложба

16 октомври, Кино Фросина, 21:00 – Miles Davis: Birth of the Cool – докум. филм

19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 – Jazz for Kids – работилница за деца

——

Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk

Инфо за билетите: http://skopjejazz

fest.com.mk/mk/bileti/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.