Втор концерт на Guitar school band

23

Учениците од школата за гитара уште еднаш заеднички ќе се претстават со изведби на познати странски и домашни нумери на вториот концерт кој ќе биде одржан на 25 јануари, 2023 година.
Во Народниот театар- Гевгелија, публиката ќе има можност да ужива во звуците од гитарите на учениците кои ја посетуваат Школата за гитара, под менторство на Костадин Динев, како и на формираниот Guitar school band. Концертот ќе започне во 19.30 часот, а влезот е слободен.
Имено: Верица, Марио, Александар Г., Магдалена, Јован, Илија, Иван И., Јелена, Александар С., Еми, Филип Д., Пене, Филип В., Мартин, Иван Д., Мартин Ј., Софија, Виктор, Мила, Мартина, Илија, Стефан, Филип, Ева, Митко, Илија И, Георгина, Даниел, Ралф, Крсте и Андреј се триесетте млади од општина Гевгелија кои ќе ги покажат своите стекнати знањеа за свирење на инструментот гитара, под менторство на нивниот наставник

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.