Вуди Ален по долга пауза се враќа на филмското платно

765

Најава за враќање на Вуди Ален на филмкото платно со информацијата дека ова лето ќе го снима својот 51. филм. Ова ќе биде прв филм откако „Амазон“ ја раскина соработката со актерот, поради стари обвинувања за сексуална злоупотреба.

Филмот ќе го финансира компанијата „Медијапро“, со која Ален соработуваше на некои од своите најголеми хитови, како „Полноќ во Париз“ и „Вики Кристина Барселона“.

Филмот засега нема име, но затоа е познат дел од актерската екипа, во којашто ќе бидат Криштоф Валц, Елена Анаја, Серхи Лопес и Џина Гершон. Ален повторно ќе соработува со кинематограферот-оскаровец Виторио Стораро.

Дејството ќе следи американска двојка која доаѓа на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, каде што нивниот брак ќе биде тестиран, откако „тој се вљубува во прекрасна Шпанка, а таа во брилијантен француски режисер“.

Ален го тужи „Амазон“ за 68 милиони долари поради раскинувањето на договорот за четири филма (Фото: Гети)
Ален го тужи „Амазон“ за 68 милиони долари поради раскинувањето на договорот за четири филма (Фото: Гети)

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.