16 сезона од мега популарната серија Grey’s Anatomy завршува порано

482

Американската популарна серија која своето прво емитување го имаше пред 15 години и зад себе има 15 многу успешни сезони. За жал оваа сезона ќе ја заврши порано со 16 епизоди (плус 5 кои се во процес на монтажа) наместо планираните 25.

Во меѓувреме, екипата на мега популарната серија донираше опрема и матерјали за болниците во Лос Анѓелес во борбата со смртоносниот вирус Ковид 19 и порачаа : „Останете дома, останете здрави, со елан, бидете дома што е можно повеќе и мијте ги рацете редовно. Ве молиме грижете се за себе и еден за друг. Кога сето ова помине и ќе се собереме повтроно, ќе ве информираме. Ви благодариме на сите за се!

Од Продукцијата ABC го најавуваат завршување на оваа сезона со синопсисот “Доктор Линк се обидува да ја бодри Амелија во последната фаза од нејзината бременост, Хајс и поставува на Мередит интересно прашање а Овен доаѓа до шокантно откритие.“ ….Никогаш здодевно со сценаристичкиот и актерски тим на оваа серија !

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.