Денеска во Преспа се одржа вториот „Туристички саем“

973
На плажата Конект бич во Сливница денеска ( 28 јули) ,  се одржа “Туристички саем во Преспа” .
По првото минатата година, ова е второ издание на саемот, на кој посетителите се запознаа со природните рајски убавини на ова преубаво туристичко катче.  Учествуваа  повеќе излагачи, во присуство на гости, туристи и подржувачи на развојот на овој преубав регион на Преспанското езеро. Имаше штандови на локални производи, штандови со култура и уметност. Саемот беше збогатен со музички настап на битолчанецот Божидар Николовски, новоформираната етно група од Ресен, актерски перформанс за Лабуд и Преспана и поетско читање. Присутните ги поздравија поетите Сотир Чаушевски, Лидија Дочовска Павловска и водителката Драгица Стевковска Дракче.
 
На модната ревија беше избран најубав фустан за Преспана, а на неколку туристички водичи им беа доделени стручни дипломи за работа.
 
 
 
     
 
 
metropolis-big