2020 година- Астро година на изненадувања, превирања,спојувања, успеси и падови….

76

Ретки се оние кои се имуни или љубопитноста не им е толку голема, што не сакаат да знаат барем малку, што Небеските ѕвезди и планети ќе им донесат.

На прагот сме на интересна и нумерлошки и астролошки Година -2020.та. Престојуваат месеци на борба, напредок, падови, но се во една цел спојување и постигнување на хармонија и мир со самиот себе и околината.

Да ги свртиме полека сите знаци во Зодијакот. Додека влегуваме во Новата година владее знакот на Јарецот, чија заштитна планета е вечниот учител Сатурнот а денеска 29-ти декември во Јарец влезе и планетата Меркур а многу скоро и најсреќната планета Јупитер, која цела година ќе остане во овој знак. Значи Јарци подгответе се за среќна година полна со изненадувања.

Дента штом ќе ги заокружиме празниците 20-ти јануари Сонцето влегува во Водолија која ќе го очекува Меркурот во нејзиното поле, Сонцето малку понесрамежливо ќе грее а за сите што го имаат како знак или подзнак ќе станат порешителни, ќе го остават минатото зад себе и очите ќе им бидат свртени кон иднината. Среќно!

И тука некаде на 19 февруари Сонцето ќе влезе во Рибите, кои оваа година воглавно треба да работат на интимните врски, да ги содаваат и зајакнат, затоа што поставеноста на најсреќните планети тоа им го овозможува .Сонцето се до 20 март ќе биде во нивниот знак и ќе им го осветлува патот.

И така ќе заврши еден Астро круг започнат минатата 2019-та на 21 -ви март, за со влегувањето на Сонцето во Овен на 21 март 2020-та  конечно ќе донесе оваа година олеснување на припадниците на овој знак во сите области на животот, финансии, љубов, недвижнини…..конечно упорноста ќе им биде наградена.Среќата е на ваша страна, дочекајте ја подготвени.

Едни од најсреќните оваа година ќе бидат припадниците на Биковите. Ќе се чини дека сите патишта им се отворени и на секое поле ќе нижат успеси. На многумина припадници на овој знак очите ќе им бидат насочени кон далечни земји дали за патувања или за преселба.

Близнаците, по се изгледа и за нив заврши мачниот период изминативе посебно три години. Ќе ја имаат планетарната подршка и ќе им се отворат можностите, посебно во полето на љубовта кои долго време ги посакуваат !

Раковите-Што ќе се случува со овој зодијачки знак оваа 2020-та година? Се чини мали промени во поле на работа можеби место на живеење, враќање кон нешто старо, но сепак и малите нешта некогаш се многу значајни.

Лавот-кралот на животните но не со таков статус и во Зодијачкиот круг. Со Јупитерот како подршка во полето на работа и партнерства, ќе може да си оствари некои соништа кои долго на ова поле ги сонуваат. Некои Лавови ќе с енасочат кон политика а едно е јасно дека секогаш ќе бидат во јавноста или блиску неа. Љубовта и оваа година ќе биде на листа на чекање за припадниците на овој знак, но овој пат нема да им недостасува.

И некаде деновите кога ќе го испраќаме и Летото 2020-то , Сонцето со цела вжештеност ќе влезе во знакот Девица. Таму секоја година малку се одмара после 4 месечното најсилно светење. Девиците ќе имаат желба да сменат работа, партнер или место на живеење. Некоја промена за која мислат дека ќе им го подобри квалитетот на животот и редот во него. Планетите им ветуваат промени. Во кое поле зависи од нивната насоченост.

Вагите-Оваа година нема да биде од тие што ќе ја запаметите, изминативе ви беа наклонети и затоа ги остварувавте сите свои желби и замисли. Насочете се кон домот , можеби недвижнини кои сте ги наследиле, повозрасните личности во семејството ќе ви задаваат обрски и само ако ги прифатите ќе може со леснотија и успех да ги извршувате. Таму се вашите извори на добробит и сигурност за следната 2020-та година.

 

Шкорпии-оваа 2020та година вашата креативност, енергија, позитивизам насочете ги кон вашите најмили, децата, а помладите кон наоѓање на сродна душа и голема љубов. Затоа што подршката на планетите токму во тој дел ќе ви даде голема подршка. И се така некаде до почетокот на ноември. Потоа со Сонцето во вашиот знак ќе добиете и поинакви сигнали.

Стрелеци– Новата 2020-та година ќе биде година на финансиски резултати но и на завршувања на се што ви пречи во животот.После една година престој во вашиот знак, Јупитерот си замина оставајќи ви уште подолг период да уживате во благосостојбите што тој ви ги донесе. И ,уживајте !

Како и да е кругот постојано се врти. Нашиот совет е дека пред оваа 2020-тата година, треба навреме да посетите астролог и да бидете подготвени за сите нешта што ќе ги донесе годината што ја очекуваме.

Со среќа и позитивна мисла на сите !

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.