Астро приказна – Време на ЛАВОТ

1374

Годишната астро приказна за хороскопскиот знак ЛАВ започнува на 23 јули и трае до 22 август. Во центарот на летото и годината, овој хороскопски знак за заштитник го има Сонцето, кое носи топлина, светлина, сигурност, гламур, недопрени делови, одмори, плажи, патувања и безгрижност. Многу од овие карактеристики ги имаат припадниците на овој хороскопски знак, но…. а секогаш има некое но, зависно од подзнакот што го носат, од поставеноста на планетите во време на нивното раѓање, позициите кои планетите ги имаат меѓу себе, не секогаш лавовските знаци ги имаат или пак можат да ги искажат, сите припадници на овој знак.

Како ќе биде ова лето за припадниците на ЛАВОТ? Денеска почнувате а едно е сигурно сите ќе добиете поголема сигурнст, Сонцето ќе ја покаже на околината вашата внатрешна и надворешна убавина, вашата моќ за комуникација ќе се засили и Вие каде и да бидете ќе се однесувате Лавовски. Затоа, искористете го овој месец максимално.

 

Љубов

Сè во вашиот живот ќе се промени во последната недела од јули, кога Сонцето и Венера ќе влезат во вашиот знак. Самодовербата ќе ви ги исправи телото и погледоти ќе ве насочи кон височините а со тоа ќе ве направи најпривлечната личност. Каде што вие ќе чекорите, ќе биде и центарот на вниманието. Вистински магнет  ќе бидете се до крајот на владеењето на Лавот под силно влијание на Сонцето.

Ако имате партнер , јули ќе го завршите со страсни заеднички игри во мигови само за вас двајцата. Нема да може да ги одделите рацете еден од друг.

За слободните почекајте ги првите днеови на август , т.е помиавте период кој трае од 10 април па некаде до 10-ти август кога најсреќната планета Јупитер се движи ретроградно и не ви овозможува д направите некој позитивен чекор за вас или пак ќе ви врати поранешен партнер повторно во вашиот живот, за кој не сте баш сигурни дека треба да му дадете втора шанса. Но, моќен датум посебно за слободните Лавови е 1 август. Тогаш ќе настапи млада месечина во вашиот знак, отворајќи ново поглавје во вашиот личен живот. Можно е конечно да најдете мелем за стара рана и да се насочите кон нов почеток со личност која долго време чека шанса за да ве усреќи.

Работа и пари

Изразувајте се кратко и јасно и сеуште не и верувајте премногу на технологијата во периодот ,до крајот на месец јули, кога конечно после ретроградното движење на Меркур ќе тргне во директен од. Ќе ви олесни во комуникацијата и не заборавајте дека ја имате подршката на Сонцето. 

Некои лавови, токму во овој нивен месец  ќе скршнат од професионалниот пат на кој досега биле и ќе  се обидат да се реализираат во нова област. Некои ќе бидат преместени на сосема различно работно место, а трети неочекувано ќе се вработат.

Внимавајте кога склучувате зделки или кога инвестирате во нешто заедно со друга личност. Оваа година Нептун, планетата на скриените намери, ќе патува во вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, што значи дека луѓето нема да ви го покажуваат вистинското лице. Внимавајте!

Парите ова лето повеќе ќе ги немате отколку што ќе ги имате и затоа за вашанајголема штета нема да можете да го планирате летото. Но, ќе добиете пари изненада, при крајот од вашиот владеачки месец. Вашата енергија и овој пат нема  да остане мирна. Со пари на банкарска сметка, многу брзо ќе испланирате барем краток одмор во некоја најблиска дестинација. А на есен..нови ветрови !

Здравје 

Во последната недела од јули, имате зелено светло да ја тестирате вашата издржливост и да ги преминете вашите граници. Енергија воопшто нема да ви недостига.

Тоталната соларна еклипса од месец јули сеуште  ве поттикнува да истражувате нови техники за ослободување од стресот како медитација и јога, а веројатно ќе си дадете и ветување себеси дека ќе започнете порано да си легнувате за да си го дадете неопходниот квалитетен сон.

Совет Лавови– Не пропуштајте ја ниедна можност да излезете со друштво, да патувате макар и на блиски дестинации, да отидете на плажа или пак да освоите некој планински врв. Енергијата ќе биде секаде околу вас.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.