Астро во мај – Месечен хороскоп за знаците Овен, Лав, Девица и Вага

1053

Полната месечина во знакот на Шкорпија на 7-ми мај, која ќе има влијание во следните 14 дена, ќе го одбележи астро периодот за сите знаци во месец мај. Овој во принцип најшарен месец во годината, оваа година ќе се бори со планетарните случувања на небото кои ни малку не се лесни за сите хороскопски знаци

Полната месечина во Шкорпија, ќе ја извлече најнегативната емотивна енергија длабоко од секој знак. Зависно од положбата на знакот Шкорпија во наталнaтa картa на поединецот и дали има планети, во кое поле и какви апсекти прават, оваа Полна месечина која ретко можете да ја видите во ваков облик во знакот на Шкорпија ќе донесе повлекување и повредување на себе си и на најблиските. Ќе се обвинувате или ќе ги обвинувате за работи кои се и заборавени но и нереални, кои постојат во вашата психа, или пак ќе се борите со заостанати нешта мислејќи дека токму сега треба да ги расчистите а не е можно. Зошто? Затоа што месечината во ваква положба прави тежок квадрат со Меркурот, опозиција со ретрогаден Сатурн, кој ќе се врати во јарец и  повторно квадрат со ретроградниот Плутон во Јарец.  На сето тоа од 14 мај и среќната планета Јупитер ќе почне да се движи ретроградно. Нештата едноставно стојат или се лоши. Само со позитивен дух можете да ги пребродите надевајќи се, дека после секое лошо доаѓа добро.

ОВЕН

Мај  ќе биде месец на предизвици за сите припадници на овој знак . Во љубовта на моменти ќе бидете убедени дека сте најсаканата личност на светот, за потоа да ви се разбудат сомнежи. Покрај Плутон, кој минатиот месец започна да се движи ретроградно, уште три други планети (Венера, Јупитер и Сатурн) во текот на мај ќе преминат во ретроградно движење. Очекувајте враќање на личности од минатото во вашиот живот.

Оние што се во пар ќе треба  да ја искористат првата половина од мај за зближување и подобрување на односот во што ќе им помогне љубовната планета Венера која е во овновскиот сектор на поврзувањата, што значи дека ќе умеете да ги избирате правилните зборови.

Веројатно најромантичниот ден месецов ќе ви биде 7 мај. Тогаш ќе настапи полна месечина во вашата 8-ма куќа на интимноста, носејќи ја страста во вашиот љубовен живот на максимум. Нешто во врската што сте го  граделе во изминатите шест месеци, сега ќе достигне кулминација. Сè ќе се промени на 13 мај, кога сексапилниот Марс ќе премине во вашата 12-та куќа на лекувањето и опростувањето, а романтичната Венера ќе започне да се движи ретроградно. Ќе сакате да му опростите на партнерот за грешка од минатото, но никако нема да можете да ги најдете соодветните зборови за тоа. Ретроградното движење на Венера ќе ја промени вашата комуникација и веројатно ќе ве направи многу потолерантни.

Младата месечина на 22 мај, на многу сами Овнови ќе им донесе очекуван љубовен знак.

Работа и пари

Сонцето во првите три недели од мај ќе патува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, правејќи ве максимално продуктивни. Ќе тежнеете кон финансиска стабилност и успешно ќе ги користите можностите за заработка кои ви стојат на располагање. Инвестиција или зделка со партнер направена пред шест месеци може да се покаже како неверојатно продуктивна под светлината на полната месечина на 7 мај. Некои овни ќе купат или продадат недвижен имот на тој датум.

На 11 мај, Сатурн, планетата на структурата и долгорочното планирање, ќе започне да се движи ретроградно во вашата 11-та куќа на тимската работа и технологијата. Ќе има пречки во реализацијата на тимските проекти, ќе има недоразбирања со колегите, ќе има проблеми со технологијата и ќе има фрустрации, но ќе има и учење скапоцени лекции за трпение, смиреност и самоконтрола. Направете анализа на вашата работа.

Само три дена подоцна, на 14 мај, и среќната планета Јупитер ќе премине во ретроградно движење во вашата 10-та куќа на кариерата. Ќе бидете принудени дополнително да го намалите темпото на работа.

Здравје

Мај е месец на менување на лоши навики за вас. Многу овнови ќе започнат да се будат порано, да го започнуваат денот со енергетско смути, да го контролираат апетитот и да тренираат. Почнете на 7. мај.

 

ЛАВ

Месец мај, ќе биде променлив месец за вас кога ќе се лулате меѓу разумот кој ќе ви кажува колку сте сакани и интуицијата која ќе ви буди сомнежи. Ретроградните движења на четири планети – Плутон, Сатурн, Јупитер и Венера, ќе ви ја намалуваат самодовербата, ќе ве прават сомничави и ќе враќаат лица од минатото во вашиот живот.

За среќа, тука ќе биде Марс, кој ќе се грижи да имате и слатки и романтични моменти кои ќе ве полнат со страст. Се разбира дека ќе се чувствувате и сакано и посакувано. Сексапилната планета до 13 мај ќе престојува во вашиот сектор на обврзувањето, давајќи ви ја љубовта која очајно ви е потребна во услови на изолација.

Сатурн, планетата на разделбите и ограничувањата, на 11 мај ќе започне да се движи ретроградно во вашата 7-ма куќа на љубовта. Некои лавови ќе се оддалечат од саканиот, можеби поради карантинот или поради преголемите обврски на различни локации. Сепак, не смеете да дозволите моменталните случувања да ви ја уништат врската.

Ако сте сингл, обожавателите и пораките на социјалните мрежи ќе ви се зголемуваат со молскавична брзина. Обрнувајте внимание на оние додворувачи кои имаат потенцијал да ви бидат партнери. Некои сами лавови можеби повторно да се сретнат со  поранешен партнер со кого патиштата целосно им се разминале. Сатурн ќе се движи ретроградно до крајот на септември, па ова не е период кога треба да давате нови шанси или да се каете. Љубовното минато ќе им се помеша со сегашноста на некои лавови. Сепак, тоа може да се покаже како нешто позитивно за вас, бидејќи засекогаш ќе се справите со „сенки“ кои ве прогонуваат.

На 13 мај, романтичарката Венера ќе започне да се движи ретроградно во вашата 11-та куќа на пријателството и технологијата. Во следните шест недели, можно е да сакате да се оддалечите од одредени „пријатели“ или пак да откриете дека ваш пријател има романтични чувства кон вас  а  енергичниот  Марс ќе се пресели во вашиот сектор на интимноста и ќе го натера Купидон да погоди многу лавови со своите љубовни стрели. Некои од нив ќе запознаат личност која ќе им биде како мелем за љубовните рани и која ќе го промени нивниот свет.

Работа и пари

Бесконечно амбициозни ќе бидете во текот на петтиот месец од годината. Ако пандемијата ви ја намали продуктивноста на работа, сега ќе се вратите како молња. Ќе привлечете огромно внимание во вашата област на работење, благодарение на Сонцето, кое во првите три недели од мај ќе патува во вашата 10-та куќа на успесите и постигнувањата.

Доколку работите заедно со деловен партнер, ви претстои голем успех во првата половина од месецот. Огнениот Марс ќе ви ги затопли односите и ќе ве направи посложни отсекогаш.

Но, само што ќе помислите дека сè се одвива совршено, Сатурн, планетата на структурата, ќе премине во ретроградно движење во вашиот сектор на партнерствата и ќе ја наруши хармонијата во него. Сатурн ќе ве натера да запрете за момент и да помислите дали не ја работите целата работа која треба да ја споделувате со соработниците, колегите и деловните партнери.

Здравје

Во мај, создајте структура во вашиот живот, навики кои ќе ви помогнат да си ја зголемите ефективноста. Легнувајте си порано и будете се порано. Дури и да работите од дома, создајте си работно време и не дозволувајте работните обврски да ви се прелеат во семејниот живот. Менталното здравје е важно, грижете се за него.

Особено во периодот по 14 мај, кога среќната планета Јупитер ќе премине во ретроградно движење во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Обрнете внимание на зајакнување на  имунитетот и  грижите за себе дури и кога се чувствувате совршено добро. Следете ги препораките на лекарите и насочете се кон превенција.

 

ДЕВИЦА

Мај е месец во кој треба да ја следите љубопитноста и да ги истражувате вашите опции.

До 20 мај, Сонцето ќе ја грее вашата 9-та куќа на ризиците, ширејќи ги вашите хоризонти. Со партнерот ќе започнете да истражувате нови опции за да поминете време заедно и воедно да се забавувате. Авантуристичкиот дух ќе ве одведе на нов терен, но и ќе ве направи склони кој сензуални експерименти во спалната соба.

Девиците со статус сингл ќе бидат освоени од личност која е тотална спротивност на нив или која воопшто не се вклопува во нивните високи критериуми. Венера, планетата на љубовта и убавината, цел месец ќе престојува во вашиот сектор насочен кон иднината. До 13 мај, таа ќе биде во директно движење и ќе ве поттикнува да правите планови како ќе изгледа вашата врска со партнерот по 5 или 10 години. Можни се разговори на тема брак или заеднички живот.Марс ќе дојде како благослов за многу сингл девици кои ќе се радуваат на зголемениот број на обожаватели. Кој вели дека флертувањето на социјалните мрежи не е забавно? За вас ќе биде.

Венера ќе ги „пресече“ жиците за комуникација со саканиот. Можно е повеќе да не ја замислувате вашата иднина покрај вашиот сегашен партнер или да откриете дека не ги сакате истите нешта во животот. Можеби вие сакате три деца, а тој едно или дека тој сака да гради кариера, а вие семејство… Сепак, ова не е време кога треба да избрзувате со заклучоците и да брзате да кажете КРАЈ. Ова е време за дипломатија и компромиси.

Дополнително, на 14 мај и Јупитер, планетата на среќата, ќе премине во ретроградно движење во вашата 5-та куќа на страста и романсата, забавувајќи го прогресот во вашата љубовна врска.

За среќа, на ваша страна ќе застане сексапилниот Марс, кој на 13 мај ќе премине во вашата 7-ма куќа на љубовта и обврзувањето. Вашата неодоливост ќе биде причината што партнерот нема да може да ви се лути за жестокоста и што и да се случува во текот на денот, вие ќе си легнувате на истата страна од креветот.

Работа и пари

Првите три недели од месец мај наклонети ќе бидат на припадниците на Девиците со подршка на Сонцето во вашата 9-та куќа на високи дострели и патувања ,а не е исклучена можноста за работа со странци. Ќе ги прифаќате сите предизвици, со подршка и на енергичниот Марс кој ќе патува во вашиот сектор на деталите и анализите, правејќи го вашиот вроден перфекционизам уште посилно изразен.

Сепак, пред да си дозволите да бидете водени од преголемиот оптимизам на Сонцето, морате да се симнете на земјата и да се соочите со реалноста. На 11 мај, Сатурн, планетата на структурата, ќе започне да се движи ретроградно во вашата 6-та куќа на организираноста. Можно е некој проект да започне да ви создава преголем стрес или пак перфекционизмот да ве прави бавни во работата. Побарајте помош!

Прекрасен ден за вашата кариера ќе биде 22 мај, кога младата месечина ќе настапи во вашата 10-та куќа. Можно е да бидете унапредени или за првпат да се вработите. Не се плашете од предизвиците.

Здравје 

Најважно за овој месец е да најдете начин како да се ослободувате од стресот во периодот по 11 мај, кога Сатурн ќе се движи ретроградно во вашата 6-та куќа на здравјето. Во ред е да работите, но не и да претерувате. Поставете си граници и не дозволувајте вашето ментално здравје да страда.

 

ВАГА

Квалитетот ќе ви биде поважен од квантитетот во текот на мај. Ќе сакате да имате малку пријатели покрај себе, но само најдобрите. Ќе сакате да поминувате помалку време со партнерот, но исполнето.

Сонцето во првите три недели од мај ќе патува во вашата 8-ма куќа на силните чувства и интимноста, задлабочувајќи ја вашата врска со партнерот. Многу парови ќе одлучат да ја крунисаат врската со брак или свршувачка, а пак некои ќе се израдуваат и на веста дека имаат принова на пат.

Романтичната Венера, вашата планета-владетел, цел месец ќе патува во вашата 9-та куќа, будејќи го авантуристот во вас. Во периодот до 13 мај, додека таа се движи директно, ќе бидете бестрашни во љубовта и широко ќе го отворите вашето срце. Граници нема да постојат за вас.

Паровите ќе копнеат по заеднички авантури и патувања. Не мора да одите зад граница за да истражите ново место. Сигурно постојат многу такви во вашето место на живеење.

Присуството на планетата Марс во водолија нема да има позитивно влијание во сите партнерства. Кај некои ќе доведе до појава на љубомора и посесивност. Тоа може да биде уште повеќе изразено откако на 11 мај, Сатурн, планетата на структурата, ќе премине во ретроградно движење во вашата 5-та куќа на романсата. Некои парови ќе се навраќаат на проблеми од минатото, на други ќе им недостасува романтика, трети ќе се караат за „ситници“…

На 13 мај, во ретроградно движење ќе премине и Венера, нарушувајќи ја уште повеќе хармонијата во вашата врска. Ќе започнете да се сомневате во искреноста на партнерот, да мислите дека тој ве лаже, или дека трета личност ви се меша во врската. Смирете се, голема е веројатноста сето тоа да е само плод на вашата фантазија, која за жал ќе бид еприсутна до првата половина на септември но ќе помине со преминувањето на Сатурн во директно движење . Најважно е да ги контролирате емоциите било позитивни било негативни.

Работа и пари 

Финансиите ќе бидат во вашиот фокус месецов. Сонцето во првите три недели од мај ќе ја грее вашата 8-ма куќа на богатството и недвижностите. Ќе почувствувате дека вашата финансиска состојба е постабилна од минатиот месец, можеби затоа што ќе се вратите на работа или ќе прифатите дополнителен ангажман. Некои ваги ќе заработат преку продажба на имот.

7 мај ќе ви биде најуспешен. Полната месечина ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на работата и парите, носејќи ви големо признание, унапредување или зголемување на платата. Некои ваги ќе се израдуваат на веста дека се враќаат на работа. Начулете ги ушите и внимателно процесирајте ги информациите кои ги слушате за да не пропуштите прекрасна можност за напредок во кариерата.

На 13 мај, мотиваторот Марс ќе премине во вашата 6-та куќа на организираноста и луѓето кои помагаат. Во вашиот живот ќе пристигне личност која ќе ви стане ментор и од која ќе научите скапоцени деловни лекции. Под влијание на Марс, хаосот ќе исчезне од вашиот живот.

На 20 мај, Сонцето ќе премине во вашата визионерска 9-та куќа на големите идеи, а два дена подоцна, таму ќе настапи млада месечина. Ќе започне да се реализира ваша голема замисла или пак ќе најдете начин да го продолжите вашето образование.

Здравје

Мај е одличен месец за детоксикација на организмот. Пазарите се преполни со превкусно овошје и зеленчук, искористете го тоа за да ја промените исхраната и да внесете свежина во неа.

Имате лоша навика која негативно се одразува на вашето здравје? Променете ја на 7 мај, под светлината на полната месечина во вашата 2-ра куќа. Не мора да ја допушите кутијата со цигари за да се откажете од пушењето, не мора да тренирате цел час за да воведете физичка активност во вашиот живот, не мора нагло да се откажете од шеќерот… Направете го првиот чекор кон промени и веднаш ќе се чувствувате мотивирано за следниот чекор.

На 13 мај, енергичниот Марс ќе се пресели во вашиот сектор на фитнесот. Слободно насочете се кон тренинзи со повисок интензитет, енергија нема да ви недостасува.

Следно-Месечен хороскоп за мај за риба, рак, шкорпија и јарец

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.