РАК (21.06-22.07)- Промените на личен план ќе ви ги донесат посакуваните промени во животот

1029

Сонцето влезе во вашиот знак на 21-ви јуни, Ракови!

Како ќе Ви помнуваат првите десет дена, додека одминува месецот јуни?

Во љубовта

Летото (21 јуни) ќе ви започне страсно и романтично. На првиот летен ден, Сонцето ќе се пресели во вашиот знак и ќе ја стартува вашата роденденска сезона. Покажувајте ја својата љубов и наклоност кон партнерот ако го имате а ако пак, сè уште не сте ја пронашле вашата половина, сега ќе привлекувате погледи каде и да се појавите. Навикнете се да бидете во центарот на вниманието.

За работата

На 21 јуни, кога Сонцето  влезе во вашиот знак веќе ве стави во центарот на вниманието на работното место. Ќе бидете неверојатни во презентирање идеи, јавни настапи, преговори и меѓучовечки односи. Ќе успевате да мотивирате и инспирирате, па ќе бидете незаменливина работното место. Време е доколку сметате дека заслужувате унапредување, да го побарате во последната недела од месецот.

За вашето здравје

Планиравте да започнете да вежбате, да пробате нов режим на исхрана или да ги направите потребните здравствени прегледи? Ако не го направите, тогаш сторете го тоа во последната недела од јуни.

Што ќе ви понудат ѕвездите во јули, средината на годината и летото?

За љубовта

Копнеете по драстични промени во надворешниот изглед? На 2 јули ќе настапи млада месечина во вашиот знак, а ќе се случи и тотална соларна еклипса. Тоа значи дека ненадејно ќе одлучите да го промените стилот, да си ја скратите косата или да ослабите. Со еден збор ќе направите драстични лични промени.

Втората од овогодишните еклипси ќе се случи на 16-ти јули во јарец, вашата 7-ма куќа на обврзувањето и љубовта. Околу овој датум ќе се случи нешто кое ќе ви ја зацврсти врската со партнерот. Искрено ќе чувствувате дека никој не може да ве раздели и дека сте токму онаму каде што припаѓате. Убав ден да започнете ако не сте во врска да гледате наоколу, можеби следниот партнер е токму некаде околу вас. Направете услови за да можете да го дочекате подготвени месецот октомври, кој во оваа 2019-та година, ќе биде како создаден за љубов за вас. Тогаш, убавата и хармонична Венера повторно ќе го посети вашиот романтичен сектор и ќе ви подари сексапил за да го завадете секој што ќе ве привлече.

За работата

Многу ракови ќе започнат да се занимаваат со добротворна или хуманитарна работа со цел да помогнат во нивната заедница.

Ако имате деловен партнер, потребно е да бидете внимателни и да не верувате во вербални договори. Ставајте на хартија и потпишувајте сè што ќе договорите за да не бидете измамени. Да, прекрасно е да имате целосна доверба во некого, но не и по секоја цена. Претпазливоста не може да ви наштети. Откако Уран ќе премине во вашата 11-та куќа, на патување кое ќе трае до 2026 година, вие повеќе нема да бидете сами против светот, туку ќе имате цел тим со себе. Многу ракови ќе се поврзат со истомисленици со кои ќе работат на исти проекти.

За  вашето здравје

Многу припадници на овој таинствен знак , ќе им посветат внимание на симптомите кои досега ги игнорирале како болка, вртоглавици, кршливи нокти, опаѓање на косата и сл. Не само што ќе најдете решение за нив, туку веројатно ќе го направите тоа преку менување на начинот на живот и на природен начин. Сте размислувале ли за своја градина во дворот (балконот) или да започнете да растете своја органска храна. Некои ракови ќе вдомат или купат домашен миленик.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.