Универзумот опоменува – Денови кога светот застана

182

Деновиве што ги преживуваме се денови  кога на небесниот свод има “стелиум“, кој всушност е т.н  “гужва на 4 небески тела“ во знакот на Јарец. Ова има повеќекратно влијание на луѓето и на глобално но и на поединечно ниво.

На глобално ниво оваа гужва на Сатурн, Плутон, Марс и Јупитер носи тешкотии без граници, опомени, дупли опомени по ненаучени лекции од човештвото, насилство, потреба од надмоќ и во цела таа астро приказна и планетата на среќата Јупитер (која ако не беше тука ќе имаше уште потешки последици). Но, нејзе во тој склоп на три тешки, борбени и учителски настроени планети не и е воопшто удобно. Она што следува е деновите 17,18,19 март ,кои ќе бидат исклучително тешки и ќе ги победите само со ограничувања и изолација за да го сочувате здравиот разум и силата. Нешто што нема да го има во следниов период, до крај на април е ПАРИ. Затоа Вие што сте со ограничени ресурси трошете полека и само за неопходното а за оние што парите и вака и така ги имаат на претек , ќе им следи убава лекција од УЧИТЕЛОТ .

На лично ниво, зависи на секој во наталната карта, каде му се наоѓа знакот Јарец и какви позиции прави со наталните планети. На пример ако имате Јарец во прво поле а патем натално имате таму Сатурн и  Јупитер, имате многу тешкотии, разочарувања , преобразби, навреди но и Јупитерот кој за среќа ви дава ако ништо друго оптимизам. Многу е важно дали во вашата натална карта со овој стелиум во Јарец ,ќе бидете во позиција да губите, да ве повредуваат и разочаруваат или пак Вие ќе бидете тие што тоа ќе го правите на други. Колку и да не можеме некои нешта да конролираме, сепак треба да се внимава колкава штета ќе нанесете од ваквата позиција на планетарната гужва која е на секое ниво.

Секако важно е да се знае дека Марсот ќе го напушти овој стелиум до крај на март па ќе се почувствува олеснување. Друго што е важно Сатурнот ќе почне да се движи ретроградно следните три месеци и на многумина што ги поминаа животните лекции ќе ги награди, другите ќе имаат уште да учат. После јуни и овој притисок полека ќе поминува. Вратете се во минатото до 1991 години (ако сте доволно возрасни) и сетете се што убаво тогаш ви се случувало. Нештата во друга среќна форма ќе се повторат.

Е тогаш Јупитерот (сепак зависно од наталната карта на поединецот) на глобално ниво ќе дојде свој на своето и полека Универзумот ќе се средува оставајќи многу рани и многу затворени врати. За да отворите нови и да ги зацелите раните ќе треба многу труд.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.