Хортикултура- City flowers секогаш свежи, достапни и функционални производи

2145

Од големата понуда на разни видови цвеќиња, аранжмани, начини на достава и грижа, денеска издвојуваме Саксиските растенија од city flowers.

Саксиските растенија се цветни или зелени и се одличен подарок за секого. Нарачајте саксиско растение и направете го некому денот поубав и повесел.

За оној кој ужива во друштвото на секаков вид цвеќе, одберете саксиско растение за подарок и долга секојдневна дружба.

Маранта (Maranta leuconeura) – едно од најубавите собни растенија помеѓу сите видови кои постојат. Има крупни зелени листови со најпрекрасни шари и бои. Најинтересно е што не можете, а да не ја забележите J  Преку ден има еден изглед, а штом падне ноќта ја менува положбата на своите листови, а со тоа и својот изглед. Вистински пријател за Вас или за Вашите најблиски кои знаете дека ќе се радуваат на ова весело растение покрај себе.

 

Орхидеата претставува симбол на убавина и љубов и не останува незабележана каде и да се наоѓа. Таа е една од нашите најпродавани саксиски растенија, одлична како корпорациски подарок, подарок со кој ќе искажете благодарност или пак ,на ваше задоволство, како декорација во сопствениот дом.

Можете да одберете орхидеа со керамичка саксија (прикажана на фотографијата) или спакувана во украсна хартија. Картичка за порака е вклучена.

Зелена градина со три различни видови на сукуленти посадени во модерна огледална саксија. Градина која бара малку грижа и претставува одличен роденденски, свадбен или пак подарок за вселување во нов дом. Секако можете да си го разубавите и вашиот дом или канцеларија.

Видот на сукуленти зависи од моменталните залихи со кои располагаме и можат да бидат различни од фотографијата.

Имате многу избор кој можете да го погледнете на нивниот веб сајт www.cityflowers.mk!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.