Клинт Иствуд го прослави 90-от роденден

1050

Легендарниот американски глумец, режисер, продуцент и филмски композитор, Клинт Иствуд вчера го прослави својот 90-ти роденден.

Роден во Сан Франциско на 31 мај 1930 година, Иствуд почнал да ја гради својата  кариера во филмската индустрија во 1960-тите и 70-тите години, играјќи прво во италијанските тн. „шпагети вестерн“ филмови на Серџо Леоне. Највпечатлива улога секако дека е улогата на  тврдоглавиот американски полицаец Хери Калахан во филмот „Валканиот Хари”.

Во својата богата кариера играше во голем број реномирани воени, криминалистички и драмски проекти. Својата режисерска кариера ја започна 1971 година со филмот „Морничава ноќ“ (Play Misty for Me).

Иствуд е номиниран за осум Оскари за режија и продукција, освојувајќи ја статуетката за филмовите „Непростено“ и „Девојка од милион долари“.Тој беше и двапати номиниран за Оскар за најдобар глумец (во двата филма), но не го доби. Други позабележителни филмови се „Мистична река“ и „Писмата од Иво Џима“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.