Мексиканска кујна- Рецепт за салата со туна

98

Мексиканската салата со туна е многу лесно јадење кое се подготвува како главен оброк. Туна од конзерва, со многу зеленчуци и со пријатен лут вкус.

  1. Лимонот исцедете го, додајте  го маслиновото масло, прав од чили, малку лук во гранули и се да се измеша. Оставете ја смесата во фрижидер да се олади.
  2. Зелената салата треба да се измие и да се исецка на поголеми ленти, да се исцеди и да се додаде црвен и сив грав.
  3. Додајте грашак, пченка, црвена и зелена пиперка, црвен кромид исецкан на поголеми кругови и шери патлиџани .
  4. По желба се додава сол, пипер и мешавина од лимон и маслиново масло кое веќе сте го ставиле во фрижидер и убаво измешајте го.
  5. Според вашата желба салатата може да се послужи со туна, филети, туна од конзерви а одозгора да испрскате малку свеж  или сушен босилек и оригано.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.