Македонски голф турнир „Macedonian Open“ и државно голф првенство

1291

Македонската Голф Федерација (МГФ) организира  национален голф турнир „Macedonian Open“, кој ќе се одржи од 23 до 25 Август 2019 г.  на терените на Пирин Голф Клуб во Банско, Бугарија.

МГФ е призната и активна членка на главните меѓународни голф организации, како Интернационалната Голф Федерација (IGF), Европската Голф Асоцијација (EGA) и Royal & Ancient (R&A) и препозната од страна на Македонски Олимписки Комитет (МОК).

Улога -МГФ е формирана за да служи како водечко тело за голфот како спорт, и како такво, да промовира, поддржува, администрира и поттикнува развој на голфот на територијата на национално ниво.Нивните цели ги објаснуваат на овој начин.

Визија – Да се побуди интерес за голфот во државата за сите возрасни групи, со акцент на младите генерации и развој на играта на одржлив начин на секое ниво.

Мисија – Промовирање на играта, овозможување на пристап и зголемување на учеството во голфот преку создавање можности за вклучување во играта.
Вредности на Македонската Голф Федерација:
Интегритет – Ние сме искрени, транспарентни и отворени со нашата работа.
Солидарност – Обединети сме во нашата филозофија, целите и пристапот.
Почит – Ги почитуваме различните мислења и еднакво ги цениме и вреднуваме сите вклучени страни.
Извонредност – Професионално ги извршуваме нашите услуги и активности по највисоки можни стандарди.
Одговорност – Промовираме одржливи и одговорни практики на животната средина во голферскиот сектор во наш домен.

Согласно планираниот календар на турнири и натпревари, МГФ е организатор на Националниот турнир „Macedonian Open“, на кој, согласно карактерот на натпреварот, покрај домашни играчи, имаат право да учествуваат и интернационални поединци, во посебна категорија.

Во рамките на турнирот „Macedonian Open“, ќе се одржи и Државното голф првенство за 2019 година.
Националниот голф турнир „Macedonian Open“ е на официјалниот календар на EGA (European Golf Association) за натпреварувања во Европа, а од следната година веќе е и на календарот за WAGR (World Amateur Golf Ranking).
Поради ваквиот формат, организаторите очекуваат помеѓу 80 и 100 домашни и странски натпреварувачи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.