Oд 23 до 27 август Берово го организира фестивалот „ Етно-плоштад“  

1570

Годинашнто издание на веќе традиционалниот фестивал „Етно плоштад“ во Берово почнува  во петок (23 август) , со свеченото отворање во 20 часот на сцената во центарот во Берово.

Во текот на петте фестивалски дена ќе настапат Џенан Лончаревиќ, Влатко Стефановски, Горан Алачки, „Етно Малеш“, „Синтезис“, 2 Бона, Влатко Лозановски, Бени и „Нон Стоп“, Ефто Пупиновски, Тхе Штекица, „ДЈ Сене”, Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД „Димитар Беровски” и други.

Во рамките на фестивалот може традиционално да се посетат и многуте штандови со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети…

Фестивалот „Етно плоштад“ традиционално се одржува во очи на 28 август, празникот Голема Богородица, кој во Берово се слави со векови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.