Пролетно дневно мени – Доручек пита од зеље, за ручек дроб сарма а вечера сезонска салата

80

Доручек- Пита со зеље

Можете да ја правите со готови кори или пак да ги засукате ракавите и да исукати барем три кори.

Зељето ќе го исчистите, исецката и убаво ќе го издинстате со масло и вода. Во таа убава маса ќе додадете 2-3 јајца. Корите ќе ги премачкувате со маргарин и ќе ги премачкувате со зајрето и виткате, па така ќе ги редите во тркалезна тава. Сето тоа убаво испечено и сервирано со чаша јогурт.

Ручек -Сарма со лозов лист 

Сарма од лозов лист, за која ќе треба уште малку да почекате додека не стигнат свежите лозови листови.

Доколку ја сакате со месо , ќе испржите кромид ќе додатете ориз и зачини убаво ќе стане хомогена маса па ќе ставите мелено месо и тоа убаво да го испржите . Листовите ќе ги обарите да омекната и ќе ги виткате.

Поредени убаво ќе ги проварите а потоа може да ги потпечете. Сето тоа со свежо кромидче и лукче а некој може да си комбнира со кисело млеко.

Вечера -Свежа сезонска салата

Убава свежа пролетна салата со патлиџани, краставици, исецкана пиперка, кромидче и на сето тоа кубети. Со соодветна доза на масло,сол и малку оцет ќе биде освежително јадење на некоја пролетна вечер.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.