недела 5 јули, 2020
Почетна ЗАБАВА Репортажи и привлечни туристички дестинации Репортажа за градот со спокојна убавина – Костур

Репортажа за градот со спокојна убавина – Костур

1449

Ако сакате да уживате во спокојните води на езерата, да ги слушнете најразличните звуци на птиците, да ги видите магичните природни чуда во познатата Пештера на Змејот, да се сретнете со историјата или пак да ја допрете дивата убавина на островот Мала Преспа-Ахил, едноставно е, посетете го Костур (Касториа).“ Костур е град во регионот на областа Западна Македонија(сегашна Грција), распослан на езерото Орестиада, окружен со камени планини. Костур е град кој е познат по неговите Византиски цркви, архитектура со примеси од Византиски и Отомански период , кожна индустрија и обработка на крзно“. Нашата посета на Костур, ја започнавме пешачејќи по преубавата патека низ шума, покрај езерото Орестиада се до Манастирот на Црна Мајка Богородица (Марија Панагија ), кој за нас беше прво откривање за ваков тип манастир посветен на Мајка Богородица. Но, тоа беше само подготовка за откритието што ни престоеше а тоа е магичната Пештера на Змејот или (Cave of the Dragon), сместена под карпестиот дел на планината,која ви овозможува да влезете во простор стар според истражувањата -шест милиони години! Пештерата има седум езера сите со длабочина од три до осум метри и безброј сталактити, сталагмити, разни фигури и композиции кои времето ги направило тука скриено. Уредната пешачка патека Ве носи токму кон се што треба да видите. Откриена во 40-тите години на минатиот век, од  Генерал Соунгариди, и ја нарекол Пештера на змејот, врзувајќи ја со една локална легенда. Нејзиното откритие е потврдено 1954 година од Шведскиот истражувач спелеолог Линдберг.

Едно од впештерските езера

На нејзина целосна реконструкција и реставрација пред да биде пуштена во употреба се работело цели 10 години од 2000 до 2009-тата година, кога на 13 декември  била отворена за публика. Градот и населението Костур е град на прекрасното езеро Орестиада, кој има 3 главни општини а целата провинција Касториа има вкупно девет провинциски единици кои од 20111-тата функционираат како една. Целата област е на површина од 763.330 км кв. а самиот град Костур на површина од 57.318 кв.км. Населението по бројност низ годините опаѓа така што според последните пописи, целата област има 35.874 илијади жители а градот само 13.387 илјади жители. Населението се замимава пред се со производство и трговија на крзна и кожи, кои се произведуваат во целата област отсекогаш. Во целата провинција има околу 300 мали и поголеми фабрики за производство на обработка на кожа и крзно.Тие се занимаваат и со туризам, производство на вино и риболов, затоа што во водата на езерото познавачите велат дека има стотици видови на риби. Костур има 16 радио локални станици, две тв станици, 5 дневни весници и 7 неделни.  Костур има и аеродром кој се вика Aristotelis Airport. Целата област на Касториа е економски јака и развиена. Градот е преполн со цркви од византиски период .   Покрај црквата на Марија Панагија тој е и религиозен центар на Грчката Православна црква и центар на Православниот Епископ. Има 72 Византиски или подоцнежни цркви, од кои 54 имаат нови архитектури а најзначајна меѓу нив е Св Атанасиус Моузаки. Костур (Касториа) има неколку музеи, од кои најпознати се Музејот на облеките (Costume Disign, Фолклорниот музеј ( Folclore Muzeum) и  Импозантниот монументален Музеј (Monuments Museum). Во градот можете да сретнете знаменитости и од Отоманскиот период. Препознатлив е по камената архитектура  и трите прекрасни моста околу езерото кои ссе користат како пешачка зона: Мостот на Zouzoul, Koromilia ,Beriki и Koutsoumpli.

Градот изобилува со продавници за продажба на крзно и кожа, убави ресторани и таверни, кафулиња за вистински одмор со поглед кон езерото.

Мала Преспа-Островот св. Ахил (Агиос Ахилеос) Откако го напуштивме Костур, останавме во неговата ареа некаде на 60-тина километри на северо – запад дојдовме до Малото Преспанско езеро и островот со селото Ахил, кое во моментов брои само четири населени куќи, а нивниот број се зголемува до максимум 12. Над селото е Базиликата и остатоците од средновековниот град Преспа, кој во 10-ти век го подигнал Цар Самоил. Во руините на Базиликата Свети Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Мирот и тишината во селотот, преубавиот поглед од горниот дел ве тераат да почуствувате дека времето тука застанало, некаде сместено во некои други периоди. Локалното население, тие малкумина се занимаваат со туризам, риболов и одгледување на далекупознатиот грав во различни форми и бои. Можете да го набавите на самиот пат од локалните жители. А додека дојдете до островот и на негово заминување ја имате прекрасната прошетка по мостот, кој копното го врзува за островот, како да лебдите над убавините меѓу небото и езерото. Ако имате можност немојте да ја испуштите оваа прошетка во градот Костур (Касториа) и неговата покраина со Езерото Мала Преспа и магичниот остров Св Ахил. Мај 2018 Photo by Тања Велкова

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.