“Верувале или не“- за сите што растеа со „Политикин забавник“

1798

Осврт на М-р Татјана Гогоска 

Има некои нешта, личности и настани, кои  те враќаат во минатото, полно со спомени, кои ти ја ранат душата и ти го растреперуваат срцето. Така и годинешното обновување на весникот за сите деца и млади, кој ова година прослави 80 години постоење „Политикин забавник“, сигурна сум дека не врати во минатото многумина кои растевме со него. Секој петок едвај чекав татко ми да дојде од работа и да ни го донесе. И, тука следуваше откривањето на светот, за нас децата.

Оваа година во 100-тина страници, продолжи прекинатото за кратко излегување на ова списание кое прослави 80-ти роденден, а интересено е да се знае дека списанието почнало да излегува на 28 февруари 1928 година . За слоганот на списаниетот кој гласеше „за сите од 7 до 107 години“, потсети некогашниот главен и одговорен уредник Владимир Булатовиќ-Виба.

„Многу нешта почнаа и се случија со Политикин Забавник, со најпопуларните рубрики „Верувале или не“ и „Дали знаете“.

Најголем предизвик е продолжението на неговото печатење, на оние кои се сега дел од тимот а растеле со него. За осум децении Забавникот го менуваше форматот, уредниците, илустраторите, опстанува во времето на дигитални медиуми, а важно е дека сите влегуваа во просторот и содржината што во себе го има ова списание. Сегашните во редакцијата, сметаат дека се што го нуди Забавник како содржина може да се најде на интернет, но треба да се бара, а Забавник го прави изборот, го нуди на читателите и затоа е интересен и читан како печатен медиум.

Најомилената рубрика Верувале или не, во јулскиот број со наслов „Вести насликани со букви“

Една од најстарите индиски дневни весници на урду јазикот, денеска најверојатно се единствени во светот кои и понатаму се пишуваат на рака.

Просторијата во која се наоѓа редакцијата „Масалман дејлија”, во индискиот град Ченаја е многу скромна. Трошни ѕидови, на кои бојата е исушена и излуштена кој знае од кога, неколку сијалици, два вентилатори, работни маси и компјутер кој го имаат последниве десет години.


Ама тоа на калиграфите (краснопишувачите), кои овдека работат ни малку не  им пречи. Воглавно се задлабочени во работа, за да на н ајубав начин ги прикажале вестите што пристигнуваат. За тоа потребни им се пера, мастило и лењири. И отрпилика три часа да завршат една страна, од вкупно четирите, колку ги има весникот…..

И така со нови содржини , продолжува излеувањето на „Политикин забавник“ за некои веќе нови клинци и нови генерации на кои интересите им се поразлични, но сепак весникот нуди содржини со кои осптојува и во овој период на дигитални весници.

За значајниот јубилеј Политикин забавник доби Вукова награда а по повод 80 роденден направена е химна на стихови од Бранко Стевановиќ, музиката ја напиша Зоран Симјановиќ а ја изведуваат групата „Фрајле“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.