На 18 и 19 септември- патфестивалот „Крушево низ корија“

282


Викендот што следува на 18 и 19септември, во Крушево ќе се одрижи по седми патфестивалот на отворено „Крушево низ корија“ кој во своите содржини ќе опфати: кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер, при тоа придржувајќи се до пропишаните мерки и уредби од Владата на Република Македонија.
Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп во соработка со Општина Крушево.
Велосипедската тура ќе се вози на 19.09.2021г(недела) на три патеки:
МалаМТБ тура „Крушево низ корија„
Турата е со должина од 15 км и елевација од околу 300 метри, категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец.
Средна МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри,категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.
Голема МТБ тура „Крушево низ корија“
Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.
Тандем летови со параглајдер ќе има во недела , 19.09.21 , од 10.00ч – 19.30ч .
Планинарска тура
Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење.
Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости.
Повелете заедно да уживаме во убавините што ги нудат Крушево и Крушевската корија!, поканува организаторот, Форум за Авангардна Креативност

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.