СКОПЈЕ- Реконструкција на пешачките патеки во „ГРАДСКИ ПАРК”

43

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов,  извршија увид и обиколка на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк во кој изведувачките активности се во тек и според предвиденото веќе се завршени поголем дел од патеките.

„Интензивно се реконструираат патеките во Градскиот парк. Од почетокот на реконструкцијата до денеска вградена е нова асфалтна маса од 750 тони, а реконструирани се над 5.000 квадратни метри патеки во западниот дел од паркот“, истакна директорот на ЈП Улици и патишта.

Екипите на Градот Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк се врши во фази и на површина од 9.000 квадратни метри.

Веќе најголем дел од патеките се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација а Градскиот парк станува место каде скопјани ќе ги поминуваат  топлите денови.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.