Македонски спортски состојби: Тренерот на Наковски волеј ги нападна одбојкарките на Јанта

495

Македонскиот спорт во моментов се наоѓа во многу очајна состојба ,како резултат на долговгодишните несредени односи. Наместо квалитетни натпревари ние  низ државава гледаме само еден обичена фарса.

Најновите неубави вести ни стигнува од женската одбојкарска лига и дуелот во Струмица меѓу домашниот Наковски Волеј и гостинот Јанта Волеј.

Скопскиот тим Јанта Волеј, уште при пристигнување во Струмица бил пречекан со навреди, и дирекни закани, како кон стручниот штаб на Јанта, така и кон самите одбојкарки, грото малолетни девојчиња. За да потоа, самото загревање пред дуелот биде прекинато од неколкумина неслужбени лица кои директно го нападнале тренерот на Јанта и физички и со плуканици.

Потоа имаше дуел меѓу двајцата тренери Хари Наковски и Горан Јаневиќ, а тренерот на домашните се обиде и да ги нападне гостинските одбојкарки.

Наковски Волеј го доби овој меч и израмни на 1-1 во полуфиналната серија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.