Служба на Велики петок- најтешкиот ден во Христијанството

1706

Велики петок е најтешкиот празник во Христијанството, затоа што тоа е денот кога Исус Христос бил мачен и распнат на крст на Ерусалимското брдо. Затоа го викаат и  Распнат петок. На овој ден не треба да се јаде, ни да се работи, велат верниците. Како за строг пост, како што се вика „пост на вода” тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол.  На овој ден се оди во црква каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово”. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница” се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово” (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Според преданијата, јајцата се фарбаат во црвено како симболика на офарбаните камчиња, по кои поминувал Исус распнат на крстот окован во бодликав венец на глава.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.