Со љубов за Тоше!

 

На иницијатива на неговиот пријател Стерули Штерјоски, обновена е улицата која во Крушево го носи неговото име

Улицата на Тоше Проески во Крушево повторно заживеа ова лето. Низ бои, музика и љубов на оние кои не заборавиле што Тоше значи за овој град и за целиот регион.
На иницијатива на неговиот пријател Стерули Штерјоски, обновена е улицата која во Крушево го носи неговото име. Името на човекот кој со својот глас и добрина влезе во срцата на многумина.
Сложните раце од Крушево ги обоиле скалилата од улицата во боите на клавирските типки – симболично, бидејќи гласот и музиката на Тоше и понатака одзвонуваат за сите кои ќе поминат по таа улица.
Кој бил знае дека долж улицата се поставени звучници преку кои 24 часа, секој ден се поштаат неговите песни кои повторно ги спојуваат луѓето, носат насмевки и будат убави спомени.
Улицата е дополнително украсена со внимателно засадено цвеќе, кое внесува топлина и живот во секој нејзин агоол.

Оваа обнова немала за цел да биде голема медиумска акција. Била тивка револуција на срцата – на децата, пријателите, минувачите… На луѓе кои веруваат дека она што доаѓа од душата никогаш не бледнее.
Улицата на Тоше Проески веќе не е само улица, тоа е споменик на љубов, заедништво и музика која никогаш не престанува!
Постои и идеа по долж на улицата да се постават ѕвезди со имињата на најблиските соработници на Тоше – како трајно признание на луѓето кои твореа, живееја и сонуваа со него.

преземено од Hit Records

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.