10. игралиште од „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

7

Сарај, 05.10.2022 – Општина Сарај денес го доби првото инклузивно игралиште во ООУ. Фаик Коница- с. Радуша, во рамки на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“кое е пристапно и за ученици со намалена мобилност или во количка. Ова е 10 инклузивно игралиште кое се отвора во рамки на проектот со кое се дава придонес во креирање на инклузивна заедница.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија посветено работи на подобрување на пристапноста и инклузивноста на основните училишта во државата.
„Како дел од овој проект работиме на опремување на сензорни соби, изградба на инклузивни игралишта, доделуваме и асистивна технологија, дидактички материјали и стимулативна опрема за работа со ученици со попреченост, ја подобруваме пристапноста на училиштата преку изградба на пристапни тоалети, со цел да ги поддржиме училиштата на нивниот пат да станат инклузивна и пристапна средина за учениците. Секое дете има право на квалитетно образование и во таа насока се и нашите проектни активности.“, истакна Бранка Џајковска од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Фондацијата „Чекор по чекор“ овој проект го спроведува заедно со своите партнери здруженијата „Инклузива“ од Куманово и „Хандимак“ од Тетово, а Адем Идризи во име на партнерите посочи деказа учениците со и без попреченост од ООУ. Фаик Коница во с. Радуша се зголемуваат можностите за рекреација.
„Ова е ново зборно место за сите деца кои ќе можат заедно да спортуваат, да играат и да другаруваат во ова инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето. Голема благодарност до Фондација за развој на образование и култура „Албиз“која несебично ја поддржа изградбата на бетонска подлога за ова игралиште и на која потоа Проектот со поддршката од ЕУ обезбеди пристапна опрема“ – истакна Идризи.

Инклузивно игралиште во Општина Сарај и претставува симбол за важноста од вклучување на учениците со попреченост во сите во и вон училишни активности.

„Како општина целиме да обезбедиме квалитетно образование за секое дете и училиштата во нашата општина да бидат пристапни и да спроведуваат инклузивни практики. Оваа недела се одбележува и Меѓународниот ден на наставникот и уште еднаш се потсетуваме колку е важно образованието и наставникот во животот на секое дете. Затоа е особено значајно секое дете да може во своето училиште да има услови да учи, да расте и да се развива заедно со своите соученици.“ истакна Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.