101 година од раѓањето на Ацо Шопов

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982)- македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.

***

 

Амбасадор на СФР Југославија во Сенегал

На должност 1971- 1975

***

 

Роден на 20 декември 1923 година во Штип, Кралство Југославија

(денес Македонија)

Починал на 20 април 1982 (на 58 годишна возраст )

Скопје, СР Македонија, СФР Југославија

Сопружник

Светлана Шопова

Родители

Ѓорѓи Зафиров- Шопов (1893-1944)

Костадинка Русева (1897-1942)

 

Значајни дела

 

Песни (1944)

Стихови за маката и радоста (1952)

Слеј се со тишината (1955)

Ветрот носи убаво време (1957)

Небиднина (1963)

 

Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Тој бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија ДПМ и негов член од основањето во 1947 г., прв претседател на Советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата (1962 г.), претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од нејзиното основање (1967), член на Македонскиот ПЕН центар[мртва врска]. Основач, во 1951 г., и прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“, а потоа долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга“, Ацо Шопов бил амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975) и претседател на Републичката комисија за културни врски со странство (1975-1979). Шопов бил уредник или главен и одговорен уредник на списанијата: „Нов ден“, „Млад Борец“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризонт“ и сатиричниот весник „Остен“.

 

Животопис

 

 

Роден во Штип, на 20 декември 1923 година, Ацо Шопов го поминал детството во родниот град, со браќата Димитар (1920-1972) и Борислав (1927-1996), татко му Ѓорѓи Зафиров-Шопов (1893-1944) и мајка му Костадинка Русева (1897-1942). Во Штип го завршил основното училиште и гимназијата.

 

За време на НОБ

 

 

Ацо Шопов како партизан

Уште како гимназијалец, во 1940 година, Ацо Шопов станал член на СКОЈ, а две години подоцна, се вклучил во антифашистичката борба, во редовите на Третата македонска ударна бригада. Член на истата бригада била и неговата љубена, Вера Јоциќ, која загинала на 22 мај 1944 година и на која Шопов ѝ ја посветил прочуената песна „Очи”.

 

По војната

 

По војната, Ацо Шопов матурирал во родниот град и заминал за Скопје, каде ги завршил студиите на Филозофскиот факултет, на отсекот чиста филозофија. Подоцна, работел како уредник во литературните списанија и весници Нов ден, Млад борец, Иднина, Хоризонт, Современост, како главен уредник на сатиричниот неделник Остен, што го поттикнало да објави серија сатирични песни, подоцна групирани во збирката Јус-универзум (1968).

На 30 септември 1958 година, Ацо Шопов се венчал со Светлана Шопова на која ѝ е посветена песната „Клошарска песна на поетот“.

На 18 август 1967 година, Шопов бил избран како еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите, а една година подоцна и за дописен член на Српската академија. Ацо Шопов бил добитник на највисокото југословенско признание, наградата „АВНОЈ“ (1970), како и на литературните награди: „Кочо Рацин”, за збирките Слеј се со тишината (1956) и Гледач во пепелта (1970); „11 октомври”, за преводот на Хамлет (1960) и за животно дело (1981); „Змаеви детски игри”, за препевот на песните на Јован Јовановиќ-Змај (1967); „Браќа Миладиновци”, за збирката Песна на црната жена (1977).

Ацо Шопов, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, во Берлин, 1970 г.

Ацо Шопов, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, во Берлин, 1970 г.

По долги години посветени на издавачката дејност, претежно како директор и главен уредник на „Македонска книга“, во 1971 година, Шопов бил именуван за амбасадор на Југославија во Сенегал, земја која го инспирирала за збирката Песна на црната жена. За време на престојот во Африка, тој го превел изборот од поезијата на сенегалскиот претседател, Леополд Седар Сенгор, добитник на „Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година. Истата година, Шопов бил именуван за претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, но три години подоцна, болеста го присилила да го напушти активниот живот.

 

 

***

 

Ацо Шопов е автор на првата повоена книга на македонски јазик во слободна Македонија, Песни (1944), објавена во „Млад Борец”, Белград. Делегацијата на антифашистичката младина на Србија, којашто учествува на Вториот Конгрес на Народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ), во Скопје, од 6 до 8 јануари 1945, ги донесува печатените примероци во Скопје и ги подарува на учесниците на конгресот, на кој Ацо Шопов учевствува во својство на потпретседател на Главниот одбор на НОМСМ.

Неговата книга “Слеј се со тишината” е прва македонска збирка препеана на словенечки јазик, во 1957 год., а Јус-универзум е прва збирка сатирична поезија објавена на македонски јазик, во 1968 година.

За време на животот, Ацо Шопов има објавено тринаесет збирки поезија и исто толку избори од поезијата на македонски јазик, како и петнаесетина избори препеани на странски јазици.

 

 

Поезија

 

 

Корица на збирката „Песна на црната жена“.

Песни. Куманово: Околиски НОМСМ, 1944. (повторни изданија: Београд: Издање Младог борца, 1944; Штип: штампарница Илинден, 1944). Фототипско издание објавено во 2014 г., Сигмапрес, Скопје.

Песни (со Славко Јаневски, Блаже Конески, Гого Ивановски и Лазо Каровски), Главен одбор на НОМС, 1946.

Пруга на младоста (со Славко Јаневски). Скопје: Главен одбор на Народната младина на Македонија, 1946.

На Грамос. Скопје: НАПОК, 1950.

Со наши раце. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија, 1950.

Стихови на маката и радоста. Скопје: Кочо Рацин, 1952.

Слеј се со тишината. Скопје: Кочо Рацин, 1955.

Ветрот носи убаво време. Скопје: Кочо Рацин, 1957.

Небиднина. Скопје: Кочо Рацин, 1963. (повторни изданија: 1967, 1970, 1971, 1974, 1976)

Раѓање на зборот. Скопје: Мисла, 1966.

Јус-универзум. Скопје: Мисла, 1968.

Гледач во пепелта. Скопје: Македонска книга, 1970.

Песна на црната жена. Скопје: Мисла, 1976.

Дрво на ридот. Скопје: Мисла, 1980.

Гледач во пепелта Архивирано на 6 октомври 2014 г.. Приредил Ристо Лазаров. „Везилка 2011“, едиција „Врвови“. Скопје, 2013.

 

 

 

Носител на Партизанска споменица од 1941,

Орден за храброст,

Орден братство- единство од Прв ред,

Орден на Републиката со сребрен венец (1961),

Орден на трудот со црвено знаме (1969),

Орден заслуги за народ со златна ѕвезда (1974)

 

 

 

Ацо Шопов бил добитник на повеќе награди, како:

Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Слеј се со тишината“ (1956)

Наградата „Кочо Рацин“ за збирката „Ветрот носи убаво време“ (1957)

Наградата „11 Октомври“ за препевот на „Хамлет“ (1960)

Награда „АВНОЈ“Наградата „АВНОЈ“ (1970)

Наградата Кочо Рацин за збирката „Гледач во пепелта“ (1970)

Награда на Змаевите детски игри за творечки придонес во ширењето на книжевниста за деца (1970)

Осмоноемвриска награда (1974)

Наградата „Браќа Миладиновци“ за збирката „Песна за црната жена“ (1976)

Наградата „11 Октомври“ за животно дело (1981)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.