18 држави во светот без заболен од Корона вирус- Кои се?

1776

Според информацијата од BBC , само 18 земји од сите 193 членки на Обединетите Нации -немаат регистрирано случаи на корона вирус а тоа се : Северна Кореја,  Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен!

Каде се сместени и колку е нивниот број на население што засега е поштедено од смртоносниот вирус, се прашањата за кои одговори треба да даде Светската здравствена организација ?

Дотогаш нови поразителни податоци од зголемена смртност во Европа, минатото деноноќие Франција на удар по бројот на новозаболени и смртни случаи и сериозната опасност што владее над Америка.

Во нашата земја  по објавата на Министерот за здравство Венко Филипче , кој на неговиот официјален фејсбук профил информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК“ за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од коронавирусот.

Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон може да ја преземете од апликацијата www.koronavirus.gov.mk.app- каде ќе ги следете  најновите вести, дневни статистики и совети за тоа како да се заштитите од коронавирусот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.