21.Меморијален турнир во мал фудбал “Мирче Костов”

28

 

На тревното игралиште „Мирата“ во Богородица започнаа генерациските натпревари во мал фудбал, во рамките на Меморијалниот турнир „Мирче Костов“, чиј организатор е ЗГ „Митко Ќаев- Баче“- Богородица. Турнирот беше свечено отворен со натпреварот помеѓу „Џокер“ – ФК „Кожуф“ (2012 година) и ФК „Дојранско Езеро“ – „Џокер“ (2013). Натпреварите помеѓу пријавените екипи кои се одржуваат на двете фудбалски игралишта, во првиот дел беа одиграни до 10 часот, а натпреварите во вториот дел продолжуват од 16:30 до 19 часот.

На 21 по ред Меморијален турнир во мал фудбал, посветен на трагично загинатиот Мирче Костов, учествуваа 24 екипи од нашата и соседните општини, во четири категории- пионерска конкуренција: 2010, 2011, 2012 и 2013.

Меморијалниот турнир  трае 3 дена, согласно временските услови. Покровител на Турнирот е Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година, а генерален спонзор „СА-ХИ Транс“- Богородица. Одржувањето на Турнирот го помаагаат и други физички и правни лица.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.