4 сребра и 13 бронзи за Карате Клуб “Заншин-до” од Битола 

46
На 15.10. 2023 година на меѓународниот турнир “Ѓорче Петров”, карате клуб „ЗАНШИН ДО “-Битола настапи со 20 натпреварувачи во 26  категории и се закити со:  4 сребрени медали и 13 бронзени медали.  На овај натпревар  учествуваа  околу  500  натпреварувачи. За Карате Клуб „ЗАНШИН ДО”- Битола ова е голем успех бидејќи на овај турнир настапи дел од подмладокот  на клубот- натпреварувачи кои прв пат настапуваат. Од овој турнир со сребрен медал се закитија: Николај Петковски ката  2016 година. Бојана Бошкова 2015 ката, Тони Кулевски  кумите кадети  +70 кг.  Николај Петковски, Магдалена Божиновска и Јована Јовановиќ  ката тим женски 2016 година. Александра Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски ката тим машки кадети- јуниори.
Со бронзен медал се закитија: Николај Петковски, Михаил Јовановиќ и Бојана Бошкова во ката тим машки  2015/2014, Каја Темелковска, Николај Петковски  и Виктор Ристевски  ката тим машки  2013/ 2012, Николај Петковски во ката 2016, Јовановиќ  Јована ката 2016 , Наталија Попчевска ката 2016, Магдалена Попчевска ката 2016 годинс, Јана Цветковска ката 2016, Виктор Швигир 2016 година. Николај Петковски ката 2015год.  Виктор Ристевски ката 2012 год, Александар Божиновски ката кадети, Ана Костојчиновска ката јуниори.
Ова е прв натпревар од оваа сезона, следен настап ќе имаме на 21.10. 2023 година на Тетово Опен и на  4.11. 2023 година на Државно првенство кадети, јуниори и У21.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.